За 10 години невработеноста во Македонија значително ќе се намали

Bez autora
Mar 13 2011

Македонската економија ќе расте како резултат на подобрувањето на надворешната побарувачка, а со тоа постепено ќе расте и вработеноста. Ова се генереалните заклучоци содржани во последната анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања. Според анализата на Институтот во земјава на краток рок може да се очекува забрзување на економскиот раст што веројатно ќе ја зголеми и вработеноста, но не доволно за тоа да се одрази преку забележително намалување на стапката на невработеност. Забрзување на растот не може да се очекува дури на среден рок кога ќе има стапка на раст од 5 или 6 отсто и тогаш вработувањето ќе почне да расте, а по десетина години би можеле да очекуваме познатичителна промена на пазарот на трудот. Македонија годинава ќе оствари економски раст од 2 отсто, а во наредните две години македонската економија ќе расте по три отсто годишно.

За 10 години невработеноста во Македонија значително ќе се намалиМакедонската економија ќе расте како резултат на подобрувањето на надворешната побарувачка, а со тоа постепено ќе расте и вработеноста.

Ова се генереалните заклучоци содржани во последната анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања. Според анализата на Институтот во земјава на краток рок може да се очекува забрзување на економскиот раст што веројатно ќе ја зголеми и вработеноста, но не доволно за тоа да се одрази преку забележително намалување на стапката на невработеност.

- Забрзување на растот не може да се очекува дури на среден рок кога ќе има стапка на раст од 5 или 6 отсто и тогаш вработувањето ќе почне да расте, а по десетина години би можеле да очекуваме познатичителна промена на пазарот на трудот - анализираат од Институтот. Според нивните проценки, Македонија годинава ќе оствари економски раст од 2 отсто, а во наредните две години македонската економија ќе расте по три отсто годишно.

Владимир Глигоров, економски аналитичар од Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања, вели дека се потребни поголеми структурни промени за да се намали бројот на невработени. За видливо намалување на невработеноста потребен е поголем и континуиран економски раст и вложување во обука на невработените.

- Ако стапката на економски раст во континуитет се движи од 5 или 6 отсто, а вработувањето расте од 2 до 3 проценти, тогаш за десетина години невработеноста значително ќе се намали - анализира Глигоров.

Со ставот на Глигоров се согласува и Никола Поповски, професор на Економскиот факултет при Европскиот универзитет РМ. Тој смета дека македонската економија годинава ќе се развива со ниска стапка од 2 до 3 проценти, што е далеку под потребата за да вработувањата во земјава почнат да растат, а со тоа и да се намали стапката на невработеност.

- Неопходни се долги серии на многу висока стапка на раст. Да се потсетиме од 2003 до 2008 година имавме 6 години висок раст меѓу 4,5 и 6 проценти, а сепак немавме намалување на невработеноста. На Македонија и е потребна долга серија со значително висока стапка на раст на БДП, но и активна владина политика во областа на невработеноста - дециден е Поповски.

Извршниот претседател на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков за Радио Слободна Европа, пак, изјавил дека се согласува со Глигоров, особено во делот каде е наведено дека треба да се инвестира во обука на невработените за да тие полесно дојдат до работа. Сепак, тој смета дека бројот на невработени во Македонија е далеку помал од она што го прикажува статистиката.

Според него најмалку 50 илјади луѓе во Македонија се водат како невработени, а всушност работат во странство.

- Земјоделието, трудоинтензивните дејности, дополнителните дејности кога би се регистрирале тогаш бројката на невработени исто така ќе се намали - смета Бошков. За да се намали невработеноста тој смета дека се потребни промени во начинот на регистрирање на привремено вработените, промени во законот за пензиско и инвалидско осигурување и промени во законот за социјална заштита.

- И на крај бришење на сите невработени луѓе од регистарот за невработени, кои не бараат активно работно место во период од месец дена и ќе видите дека бројката ќе биде 12 отсто - тврди Бошков.

Според последните статистистички податоци стапката на невработеност е околу 32 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik